Главна страница

слободната енциклопедија

Eнциклопедија што може секој да ја уредува. Моментално има вкупно 162.104 статии на македонски јазик и 341 активни уредници!
Напишете нова статија!

Избрана статија
Пристаништето на Ница
Пристаништето на Ница

Ница — петти најнаселен град во Франција, по Париз, Марсеј, Лион и Тулуза. Урбаната област на Ница се протега надвор од административните граници на градот со население од околу еден милион и зафаќа површина од 721 км². Сместен на југоисточниот брег на Франција на Средоземното Море, Ница е вториот најголем француски град на средоземниот брег, веднаш зад Марсеј.

Градот е наречен Nice la Belle (Nissa La Bella на окситански), што означува Убавата Ница, што исто така е името на неофицијалната химна на Ница, напишана од Меника Рондели во 1912. Ница е главен град на департманот Приморски Алпи и втор најголем град во регионот Прованса-Алпи-Азурен Брег по Марсеј.

Површината на денешна Ница се протега на „Тера Амата“, археолошко наоѓалиште во кое се најдени докази за многу рано користење на огнот. Околу 350 п.н.е., Грците од Марсеј основале постојана населба и ја нарекле Никаја, по божицата на победата Ника. Низ вековите, градот бил заземан многу пати од разни освојувачи. Неговата стратешка местоположба и пристаништето значајно придонеле за неговата поморска сила. Низ вековите бил владение на Савоја, потоа станал дел од Франција помеѓу 1792 и 1815, кога бил вратен на Пиемонт-Сардинија до неговото повторно припојување кон Франција во 1860.

Природната убавина на Ница и нејзината умерена средоземна клима им го привлекло вниманието на богатите Англичани во втората половина на XVIII век, кога голем број на благороднички семејства ги поминувале нивните зими овде. Главното градско шеталиште крај морето, Англиската променада (Promenade des Anglais) го добило своето име во име на посетителите на градот. (Дознајте повеќе...)

На денешен ден...

Денес е 5 јуни 2026 година и издвоени настанати од времепловот се:

Настани:

1827  Во турско-грчката војна, турската војска го освоила Акропол и влегла во Атина.
1944  Втора светска војна: Над 1.000 британски бомбардери исфрлиле преку 5.000 тони бомби над Нормандија, во подготовка на десантот следниот ден - Денот Д.
1947  Во говорот пред Харвардскиот универзитет, државниот секретар на САД Џорџ Маршал предлага економска помош за обнова на западна Европа - зачеток на тн. Маршалов план.
1968  Претседателскиот кандидат во САД Роберт Кенеди е застрелан во Лос Анџелес од палестинецот Сирхан Сирхан и умрел следниот ден.
1972  Во Стокхолм е одржана Првата конференција на ОН за животна средина. Оттогаш 5 јуни е прогласен за Светски ден за заштита на животната средина.
1992  Во Скопје е формирана Лекарската комора на Македонија.

Родени:

469 п.н.е.  Сократ — атински филозоф.
1341  Едмунд — Прв војвода од Јорк.
1723  Адам Смит — шкотски економист и филозоф, основоположник на современата економија.
1819  Џон Куч Адамс — англиски астроном и математичар.
1878  Панчо Вилја — мексикански револуционер.
1898  Фредерико Гарсија Лорка — шпански поет и драматург.
1901  Анастасија Николаевна Романова — најмладата ќерка на Николај II.
1931  Антун Врдољак — хрватски глумец, режисер и политичар.
1931  Жак Деми — француски режисер.
1933  Велимир Бата Живоиновиќ — југословенски и српски глумец.
1946  Стефанија Сандрели — италијанска глумица.
1947  Лори Андерсон — американска авангардна музичарка.
1955  Питер Ерскин — американски џез-музичар, член на групата Ведер рипорт (Weather Report).
1955  Аки Рахимовски — хрватски пејач, член на групата Парни валјак.
1967  Јан Питлик — дански ракометен тренер.
1971  Марк Волберг — американски глумец.
1979  Антонија Шола — хрватска пејачка.
1981  Карлос Баредо — шпански велосипедист.
1991  Мартин Бејтвејт — дански фудбалер.
1997  Киран Тирни — шкотски фудбалер.
1998  Јулија Липницкаја — руска уметничка лизгачка.
2000  Пјер Калулу — француски фудбалер.
2007  Андрија Максимовиќ — српски фудбалер.

Починале:

1296  Едмунд — Прв Ерл од Ланкастер.
1316  Луј Xкрал на Франција.
1826  Карл Марија фон Вебер — германски композитор (р. 1786.).
1970  Џузепе Унгарети — италијански поет.
2004  Роналд Реганпретседател на САД (р. 1911.).
2015  Ник Марш — рок-пејач, член на групата „Флеш фор Лулу“ (Flesh for Lulu.

Празници:

*  Светски ден за заштита на животната средина.
Издвоен цитат

„Животот е една голема угорница, а уште поголема удолница по која трчаме. Цел живот трчаме за да го откриеме нејзиниот крај, нејзиниот газер, кај што ќе заврши и нашето талкање. Нашето постојано паѓање“.
— „Пиреј“, Петре М. Андреевски, 1980 год.

Слика на денот

Хорот на црквата „Св. Бонифациј“ во Висбаден, Германија.
Дали сте знаеле...


Сатуа на божицата Хигија
Сатуа на божицата Хигија


Што е Википедија?

Изданијата на Википедија се места каде многу различни доброволци работат заедно за да напишат енциклопедии на различни јазици. Овој проект претставува енциклопедија на македонски јазик и моментално има 162.104 енциклопедиски статии. Целата нејзина содржина е лесно достапна и слободна за употреба. Нашата мисија е да го собереме целото човеково знаење на македонски јазик — знаење кое е бесплатно, слободно и лесно пристапно за секого.

Сакате заедно да ја оствариме целта?
Најпрво, започнете со нашиот вовед!

Заедница
Селска чешма — главно место за разговор поврзан со Википедија. Селската чешма е место каде што можете да поставувате прашања, решавате проблеми, да помогнете на заедницата и заедно да ја развиваме енциклопедијата.
Портал на заедницата — збирно место поврзано со тематски проекти. Тука може да најдете тематски портали од различни области, каде може да придонесувате и да ја збогатувате Википедија.
Викисредби — можност за дружење, размена на идеи и предлози за развојот на Википедија - во живо!
Тековни настани — бидете во тек со развојните настани на Википедија. Следете го развојот на најголемата енциклопедија во светот!
Повеќејазичност — слободната енциклопедија е достапна и на голем број други јазици, освен македонскиот. Истражете ја и на друг јазик!
Братски проекти

Фондацијата Викимедија е непрофитна организација која, покрај Википедија, опфаќа и други проекти:

Ризница — складиште на мултимедијални содржини
Викиизвор — збирка на дела и книги
Викивести — вести од светот
Викиречник — повеќејазичен речник и лексикон
Викицитат — збирка на цитати
Викикниги — збирка на учебници и прирачници
Викивидови — именик на видови
Викиуниверзитет — збирка на материјали и активности за учење
Мета-вики — усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци— база на слободни знаења
Википатување — туристички водич
Јазик